text size
Народната банка ја зголеми каматата на благајничките записи за 0,25 процентни поени, по трет пат од април наваму, со што сега основната камата изнесува 2 проценти. Од НБРМ известија дека на седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, кој бил одржан вчера било одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, за по 0,25 п.п. и 0,15 п.п., соодветно, на ниво од 0,4 проценти и 0,45 отсто.