Неделен преглед: СВБ предизвика земјотрес, афтершок во Швајцарија
Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
17 март 2023, 09:30
Компанија што произведувала долна облека ќе врши надзор на најскапите автопатишта во земјава
Пропадна американската банка „Силикон валеј“ (СВБ).
Bloomberg Mercury
Компанија чија основна дејност била поврзана со долна облека ќе врши надзор на можеби најскапиот инфраструктурен проект во земјава – изградбата на автопатиштата по должината на коридорите 8 и 10Д. Домашните компании бараат дел од колачот на „Бехтел и Енка“, а дали ќе добијат ќе се знае по средбата со премиерот. Ова беше главната вест што ја потресе земјата неделава.
И глобално, таа тргна со силен потрес. Пропадна американската банка „Силикон валеј“ (СВБ). Првиот афтершок од овој земјотрес на европско тло се почувствува во Швајцарија. Кај нас не се очекува влијание.
Во ек на инфлациска криза и монетарно затегнување, пропаѓањето на банката е нов елемент за кој грижи ќе имаат и Европската централна банка и Федералните резерви на САД. Се прогнозира дека ако состојбата ескалира, централните банки ќе треба уште посилно од сега да ги зголемуваат каматите.
Неделава анализиравме и кои се новите правила по кои работат германските компании во земјава, но и каква е стартап-климата во земјава. Повторно се занимаваме и со недвижностите, но овој пат ги баравме Македонците што градат во странство и тие што во услови на највисоки цени бараат алтернативи во земјава.
Безбедноста на интернет е уште една тема што неделава ја разработи тимот на „Блумберг Адрија“. Откривме дека додека некои земји го забрануваат Тикток, кај нас нема ни закон за приватноста, а злоупотреби има – најмногу на Фејсбук и Инстаграм.
Во заедничко интервју Германецот Јоаким Нагел и Шпанецот Хозе Луис Ескрива од ЕЦБ ги истакнаа предизвиците што ги поставува новата американска администрација.