text size
Вкупните депозити во јуни остварија месечен и годишен раст од 1,2 и 11,5 проценти којшто произлегува од зголемувањето на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка. Оттаму информираат дека кај вкупните кредити е забележано месечно зголемување од 1,1 процент под влијание на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.