text size
Цената на бензинот еуросупер БС-95 да се зголеми за денар, а на еуросупер БС-98 за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Истовремено, цената на еуродизелот (Д-Е V) се намалува за денар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар.