text size
Грејната сезона полека се приближува, време е да се размислува со што да се затоплува домот и како тоа да биде поекономично кога сите други трoшоци се високи. Огревно дрво, инвертер-клими, парно, топлински пумпи, печки на пелети се дел од опциите на граѓаните од земјава за претстојната зима. Анализираме како се движат цените и колку ќе го чини едно домаќинство затоплувањето на домот во шестмесечната грејна сезона.