text size
Поголемото учество на жените на лидерски позиции поттикнува развој и носи просперитет во секое општество. Ова го истакнаа учесничките на настанот што се одржа под мотото „Заедно успешни – ослободување на женскиот лидерски потенцијал“, а го организираа „АХК Северна Македонија“, Македонско-Германското стопанско здружение и „ЕОС Матрикс“ (EOS Matrix).