За Стопанска комора, носењето на Законот за данок на солидарност не претставува никакво усогласување со директивите и регулативата на ЕУ, напротив тоа е само злоупотреба на тие регулативи, соопштија денеска оттаму. Велат дека законот ќе го оспорат на Уставен суд, а нивната реакција следува откако Собранието го усвои законот на денешната седница.
Од Комората велат дека имаат агрументи против законот за кои веќе зборувале. Според бизнисмените, овој закон има селективен пристап затоа што се опфатени само поголемите компании (со приход поголем од 615.000.000 денари. Тврдат дека се врши оданочување на сите компании, независно дали добивката што ја оствариле се должи на пазарните услови (остварена екстра добивка поради движења на пазарите на енергенси или други причини кои довеле до конјуктурни поместувања на пазарот) или се должи на раст на добивката на компаниите како резултат на нивното работење, односно како резултат на зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување на нови пазари и сл.). Од Стопанската комора велат и дека се дестимулираат успешните компании, кои се инвестициски ориентирани. „Ваков данок, кој се носи ад хок, го нарушува начелото на почитување на правото и создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, особено ако се има предвид дека соседните држави немаат воведено сличен данок, велат оттаму.
„Носењето непредвидливи закони од ваков вид и други мерки, поттикнува се повеќе компании од Македонија во странска сопственост да се премислуваат и да го префрлат своето седиште во некоја од соседните земји кои не носат вакви закони и мерки (пред се во Србија, па и Косово), што преставува ризик од губење на редовни приходи, даноци и сл. во буџетот кои сега се плаќаат, сметаат бизнисмените здружени во Стопанската комора.
Прочитај повеќе

Објавени добивките: Во октомври ќе се плаќа данокот на солидарност
Компаниите имаат опција сами да си изберат кој период ќе влезе во даночната основа.
09.08.2023

На Уставен суд ќе се бара спас од данокот на солидарност
Владата сака да се спаси од кризата и да ја пополнува буџетската дупка на грбот на компаниите, вели Менди Ќура.
03.08.2023

Комората со допис до властите бара повлекување на солидарниот данок
Во дописот испратен од страна на Стопанската комора се укажува на сите негативни последици врз домашните и странските компании и инвеститори во државата.
19.07.2023

Опозицијата против европското знаме за данокот на солидарност
Данокот на солидарност е казна за успешните, смета опозицијата
12.07.2023

Данокот на солидарност со европско знаме, законот ќе се носи по кратка постапка
Денеска Владата ќе стави европско знаме на Законот за дан на солидарност
11.07.2023

Советот на странски инвеститори не сака ад хок закон за данок на солидарност
Се создава несигурност кај постојните и кај потенцијалните странски инвеститори во земјава
09.07.2023

Владата ќе го протне данокот на солидарност со европско знаме?
Стопанската комора бара Владата да го повлече законот од процедурата.
05.07.2023
Пред покренување на иницијативата, Комората ќе побара од Претседателот да не го потпише Указот за прогласување на Законот за данок на солидарност, затоа што според нив, тој е во спротивност со член 52 од Уставот, но велат дека не очекуваат барањето на бизнис секторот да биде прифатено.