text size
Стопанската комора на Северна Македонија преку Клубот 100, со допис испратен до претседателот на Собранието, претседателот на Владата и до министерот за финансии, во кој се образложени низа аргументи, бара запирање на постапката за донесување на предложениот закон за данок на солидарност по итна постапка со европско знаменце. Во дописот испратен од страна на Стопанската комора се укажува на сите негативни последици од ваквото евентуално законско решение чија ретроактивна примена за фискалната 2022 година ќе ги предизвика врз домашните и странските компании и инвеститори во државата.