Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2024 година, откако вчера заврши општиот претрес кој почна во понеделникот.
По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на пленарна седница.
Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен во Собранието најдоцна до 31 декември.
Прочитај повеќе
Периодот на новите мерки „мириса“ на поткуп, критикува дел од стопанството
Сите мерки треба да бидат долгорочни, системски и реформски.
01.12.2023
Буџет 2024: Секој го гледа со свои очила
Колку е реален предлог-буџетот за 2024 година и дали соодветствува на актуелната економска клима?
24.11.2023
Непродуктивни трошоци и во буџетот за 2024-та, критикува стопанството
Бизнис-секторот во моментов е во стагнација.
15.11.2023
Владата го усвои буџетот за 2024 година, ќе тежи 5,5 милијарди евра
Вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари (31,6 проценти од БДП) или околу пет милијарди евра.
14.11.2023
Владата го усвојува буџетот за 2024 година – што треба да содржи?
„Блумберг Адрија“ ги праша економистите, работодавците и синдикатите што треба да содржи буџетот за следната година.
14.11.2023
Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост. Со него, според Владата, се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и социјалната помош, како и намирување на другите потреби на граѓаните и сервисирање на обврските на државата.
За опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Предлог – буџетот е нереален, неразвоен, креиран без концепт, нема јасна визија и поставен е на основи кои се неодржливи.