Во јули годинава вкупните депозити остварија зголемување од 0,5 проценти на месечна основа, при годишен раст од 7,3 проценти, соопшти Народната банка. Оттаму информираат дека месечната и годишната промена во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор.
Во јули, вкупните кредити бележат раст за 0,6 проценти и 7,3 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно.
„Месечната и годишната промена е резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на секторот ‚домаќинства‘“, наведуваат од Народната банка.
Прочитај повеќе

Банките гo олеснија кредитирањето, монетарните политики речиси без влијание
Во случајот со корпоративните кредити условите се олабавени првпат од пандемиската 2020 година.
15.08.2024

Македонските банки ги зголемуваат каматите на кредитите и депозитите
Просечната каматна стапка на вкупните депозити е зголемена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,48 п.п.
31.07.2024

Народна банка: Раст на кредитите и на депозитите во јуни
Вкупните кредити, во јуни се зголемени на месечна и на годишна основа за 0,8 проценти и 6,4 проценти, соодветно.
19.07.2024

Расте побарувачката за потрошувачки кредити во еврозоната
Побарувачката за кредити кај корпоративниот сектор се намалува, расте кај домаќинствата
16.07.2024
Во јули, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемени за 0,2 проценти на месечна основа. Анализирано по валута, растот во целост произлегува од зголемените краткорочни депозити во странска валута, додека останатите компоненти бележат пад. Годишниот раст изнесува 3,9 проценти и се должи на зголемените депозитни пари и зголемените долгорочни депозити во странска валута и во денари, додека краткорочните депозити во странска валута и во денари се намалени. Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор забележаа месечен раст од 0,5 проценти, при годишно зголемување од 7,3 проценти.
„Промената кај двете основи во целост се должи на зголеменото кредитирање во денари, додека кредитите во странска валута забележаа пад“, соопшти Народната банка.
Вкупните депозити на домаќинствата во јули забележаа месечно зголемување за 0,7 проценти, поради растот на долгорочните депозити во денари и во странска валута, како и депозитните пари, во услови на пад на краткорочните депозити во странска валута и во денари. На годишна основа, вкупните депозити на домаќинствата се повисоки за 9,6 проценти, како резултат на растот на депозитните пари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, при пад на краткорочните депозити во странска валута и во денари.
Во јули, кај кредитите на домаќинствата е остварен месечен и годишен раст од 0,8 проценти и 7,5 проценти, соодветно, како резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари.
Гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,9 и 0,8 проценти, соодветно, при годишно зголемување од 6,3 и 10,5 проценти, соодветно. Автомобилските кредити овој месец се повисоки за 2,5 и 23,6 проценти, на месечна и годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,2 и 8 проценти, на месечно и годишно ниво.
„Во јули, негативните салда на тековните сметки забележаа месечен пад од еден процент, во услови на годишен раст од 8,4 проценти. Во јули, кредитите одобрени врз други основи се непроменети на месечна основа, додека во споредба со истиот период претходната година, тие се намалени за 18,4 проценти“, информираат од Народната банка.