Од јануари заклучно со 31 октомври 2024 година Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) има издадено лиценци за нови фотоволтаични централи со вкупно инсталирана моќност од речиси 272 мегавати.
Како што информираат од РКЕ, за десет месеци низ регулаторниот филтер се поминати вкупно 254 барања од приватни инвеститори што ја имаат комплетирано потребната документација и за кои се издадени лиценци за нови фотоволтаични централи за производство на електрична енергија од обновливи извори.
„РКЕ водејќи се од начелото на транспарентност, достапност и јавност има подготвено обрасци за сите приватни инвеститори во кои се наведени потребните документи со цел да се поедностави процесот во доставување комплетни барања за добивање соодветна лиценца“, се наведува во соопштението од Комисијата.
Прочитај повеќе

Не постои енергетска транзиција без инвестиции во енергетската мрежа
Македонија стана лидер во делот на производство на електрична енергија од фотоволтаични електрани
21.08.2024

Дали зелената транзиција е меч со две сечила за Македонија и сиромашните земји?
Во трката кон зелена транзиција за борба против климатските промени, се јавува напнатост меѓу глобалниот север и глобалниот југ.
15.08.2024

Јагленот, највалканото фосилно гориво, полека се подготвува за збогум
Производството на јаглен достигна рекорд минатата година
24.03.2024

Струја од сонце добиваат околу 185 илјади домаќинства
За дваесет и пет месеци го добивме новиот еколошки РЕК Битола
24.02.2024
РКЕ во 2023 година има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од речиси 399 мегавати, додека во 2022 година се издадени лиценци за 152,2 мегавати.