Владата подготвува предлог-закон за измени и дополнување на Законот за странци со кои се излегува во пресрет на барањата на „Бехтел и Енка“ за олеснување на постапката за ангажирање работна сила од странство потребна за реализација на проектите за изградба на патишта по коридорите 8 и 10 во Македонија.
„По констатираните неусогласености на постапката за поднесување и одобрување на привремен престој заради работа, содржана во Законот за странците и обврските преземени согласно одредбите од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 д во РСМ во делот на ангажирање/вработување на лица-странци како работна сила, но воедно и поради сложеноста и обемноста на документацијата која е потребна во постапката за поднесување и одобрување на привремен престој заради работа, согласно одредбите од Законот за странците, изготвен е предлог текст за измени и дополнувања на Законот за странците“, се наведува во образложението на законските измени објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи.
Во него се додава дека со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи во голема мерка усогласување со барањата на стратешките партнери кои се предвидени во одредбите од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 д во РСМ, а воедно би се олеснила и би се поедноставила постапката за сите правни лица кои имаат за цел да ангажираат лица-странци како работна сила во РСМ.
Прочитај повеќе
Македонски работници? Барајте ги во Германија
Само во изминативе пет години (од 2019 до 2023 година) бројот на македонски граѓани евидентирани како странци во Германија се зголемил за повеќе од 41.000 лица.
19.12.2024
Со „карта на можности“ до работа во Германија дури и без познавање на јазикот
Картата на можности нуди полесен влез на германскиот пазар на труд за граѓаните од држави кои не се дел од ЕУ
09.12.2024
Вечен проблем на пазарот на труд: невработените налево, работодавачите надесно
Статистика преброи 98 илјади невработени и 10 илјади слободни работни места. Јазот меѓу понудата и побарувачката на пазарот на труд е вечен проблем
07.12.2024
Во нацрт-законот меѓудругото се наведува дека „привремен престој заради работа ќе се одобри и на странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, независно од искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд во Република Северна Македонија, односно без издавање на мислење од страна на Агенцијата“.
„За странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, се издава потврда за правниот субјект со статус на стратешки партнер каде работи странецот. Потврдата за правниот субјект со статус на стратешки партнер каде работи странецот ја издава Министерството за економија и труд“, пишува во нацрт-законот.