text size
Како централна банка дадовме јасно до знаење дека ќе преземеме решавачки чекори за да ја зачуваме стабилноста и да обезбедиме среднорочна ценовна стабилност, посочува во интервју за „Слободен печат“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа објаснува дека Народната банка, како и многу централни банки, започна со нормализирањето на монетарната политика како одговор на растечката инфлација и подигнувањето на инфлациските очекувања. Сепак, покачувањето на основната камата е умерено и постепено, затоа не се очекуваат силни и нагли промени во каматната политика на банките.