text size
Значаен раст на бројот на регистрирани патнички автомобили. За една година бројот граѓани и фирми кои во земјава поседуваат возило се зголемил за 50.000. Ги анализираме само патничките автомобили. Според Државниот завод за статистика, ако во 2020 година низ цела држава биле регистрирани 429.000 патнички автомобили, во 2021 година тој број е 478.000.