Дизелот од утре пак ќе се продава по цена над сто денари. Ова е прв пат по месец и половина, цената на дизелот да се изразува со трицифрена бројка. Ова исто така е прв пат дизелот да е за дури 12 денари поскап од бензините.
Цената на дизелот расте многу побрзо од таа на бензините.
Трицифрената цена на дизелот доаѓа по денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика со која ова гориво од ноќеска на полноќ ќе се продава за 3 денари поскапо, односно по 101,5 денари за литар.
Поскапување ќе има и кај бензините, но тоа ќе изнесува 0,5 денари за литар. Со оваа измена Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 92 денари.