Министерството за финансии вложува напори да создаде услови за пазарот на капитал, како еден вид мотор на економијата, да работи посилно и постабилно. Тој е извор на енергија за компаниите што сакаат да растат, да иновираат и да отворат нови работни места, затоа нашата цел е да создадеме современ, транспарентен и конкурентен пазар кој ќе ги следи европските стандарди, но и ќе одговара на потребите на домашната економија.
Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која се обрати на отворањето на 24. Годишна конференција на Македонска берза што се одржува во Охрид.
Таа наведе дека домашниот пазар, иако стабилен е релативно мал и често недостасува ликвидност, што е клучен фактор кога компаниите бараат долгорочни средства, особено малите и средните претпријатија и потсети дека во август беше направен важен чекор со потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу министерствата за финансии на Македонија, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.
Прочитај повеќе

Бродњак: Геостратешка грешка би било ЕУ да не ги прифати земјите од Западен Балкан
Да ги убедиме луѓето во Европа дека ние сме едно, рече Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ Љубљана во денешното обраќање во рамките на 24. Годишна конференција на Македонската берза што се одржува во Охрид.
пред 1 час
„Со овој чекор ја покажавме нашата решеност да не останеме изолирани, туку да бидеме дел од една поширока регионална мрежа. Со поврзувањето на пазарите им даваме шанса на компаниите полесно да дојдат до капитал, да ја зголемат конкурентноста и да најдат партнери надвор од границите на земјата. На тој начин ние не само што го јакнеме пазарот на капитал, туку и ја поттикнуваме економијата да расте побрзо и поодржливо“, потенцира Димитриеска-Кочоска и изрази надеж дека со регионална соработка, преку потпишувањето на овој Меморандум, ќе се обезбеди поголема дисперзија за тргување, односно ќе се зголеми и обемот и квалитетот на тргувањето.
Извор: Министерство за финансии
Пред присутните истакна дека паралелно се работи и на регулаторната рамка и дека се усвоени измени на два клучни закона во оваа област - Законот за финансиски инструменти и Законот за проспект и транспареност на издавачите, а со цел сите учесници да имаат доволно време да се подготват и предвидената реформа да се спроведе квалитетно.
„Сакаме системот да биде стабилен, доверлив и да работи во интерес на сите. Да ги искористиме сите можности кои се отвораат пред нас, да се поврземе повеќе, да си веруваме повеќе и да бидеме посмели во нашите чекори“, порача министерката.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...