Горивата поевтинуваат од ноќеска по полноќ. Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините се намалува за два денари, а на дизелот за денар и половина.
Според тоа, од ноќеска малопродажната цена на Еуросупер-95 ќе биде 85,5 денари, Еуросупер-98 ќе се продава по цена од 88 денари, додека литар Еуродизел БС ќе чини 98 денари.
Промена има и во малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинства, кое што поевтинува за 3 денари и од полноќ ќе се продава за 94,5 денари за литар.
Цената на мазутот, според одлуката на РКЕ, се намалува за 0,277 денари и килограм мазут ќе се продава за 52,463 денари.