Индустриското производство во земјава во септември се зголемило за 2,7 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Притоа, гледано според главните индустриски групи, најголем процентуален раст има кај интермедијарните производи, чие производство се зголемило за шест проценти. Раст има и кај капиталните производи (три отсто) и преработувачката индустрија (3,1 отсто), како и кај производство на енергија (1,6 отсто).
Прочитај повеќе
 
        Пад на индустриското производство од 3,5 проценти во август
Индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен бележи пораст од седум проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,4 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 26,8 проценти.
30.09.2025
 
        По неколкумесечен раст, германските деловни перспективи се влошуваат
Германската деловна доверба неочекувано падна, истакнувајќи ја кршливоста на планот на канцеларот Фридрих Мерц за враќање на растот во најголемата економија во Европа.
24.09.2025
 
        Германската индустрија бележи најголем пад во речиси една година
Производството во јуни се намали за 1,9 отсто во однос на претходниот месец, а падот најмногу е поттикнат од секторите производство на машини и опрема, фармацевтски производи и храна.
07.08.2025
„Зголемувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерални производи, производство на електрична опрема, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел“, пишува во соопштението од ДЗС.
Но сликата не е секаде розова. Статистика пресмета пад на производството и на трајни и на нетрајни производи за широка потрошувачка, чиј пад на годишно ниво е 5,6, односно 0,6 проценти, соодветно.
Намалување има и во секторот рударство и вадење камен (-1,7 проценти), како и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (-2,5 проценти).
Инаку, генерално, индустриското производство во периодот јануари–септември 2025 година во однос на периодот јануари–септември 2024 година е зголемено за 2,3 проценти.
 
                
        
        
         
                 
                     
                 
                 
                             
                             
         
         
         
         
         
         
         
         
         
         
         
         
         
                         
                        .png) 
                 
            