Индустриското производство во август 2025 година е намалено за 3,5 проценти во однос на август 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од седум проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,4 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 26,8 проценти.
Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи, производство на текстил, печатење и продукција на снимени медиуми (записи), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање кај енергијате за 23,7 проценти, капиталнита производи за 12 проценти, трајните производи за широка потрошувачка за 9,1 проценти и нетрајните производи за широка потрошувачка за 5,7 проценти, додека пораст бележи кај интермедијарните производи за 14,8 проценти.
Прочитај повеќе

По неколкумесечен раст, германските деловни перспективи се влошуваат
Германската деловна доверба неочекувано падна, истакнувајќи ја кршливоста на планот на канцеларот Фридрих Мерц за враќање на растот во најголемата економија во Европа.
24.09.2025

Германската индустрија бележи најголем пад во речиси една година
Производството во јуни се намали за 1,9 отсто во однос на претходниот месец, а падот најмногу е поттикнат од секторите производство на машини и опрема, фармацевтски производи и храна.
07.08.2025

Германските фабрички нарачки неочекувано се намалија втор месец по ред
Нарачките на германските фабрики во јуни неочекувано се намалија втор месец по ред. Тоа беше период кога резултатите од трговскиот договор меѓу Европа и САД сè уште беа далеку од јасни.
06.08.2025

Раст на прометот во индустријата за шест отсто на годишно ниво
Прометот во индустријата во април на годишно ниво пораснал за шест проценти, а споредено на месечно ниво е намален за 7,9 проценти.
13.06.2025

Ефектот на царините: Пад на индустриското производство и извозот на Германија
Производството се намали за 1,4 отсто во однос на претходниот месец, а испораките на стоки во странство се намалија за 1,7 проценти.
06.06.2025
Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2,2 проценти во однос на периодот јануари – август 2024 година.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...