text size
Јавно-приватните партнерства (ЈПП) се модел што во светот одамна се користи за реализација на големи инфраструктурни проекти и други инвестиции во функција на забрзан економски раст, но, за жал, во Македонија сѐ уште се ретки успешните примери за ваков начин на соработка меѓу државните институции и приватниот сектор. Главна причина за тоа е недостигот од капацитет на државните институции на централно и локално ниво, како и дупките во законската регулатива, кои оневозможуваат ефикасно спроведување проекти меѓу јавниот и приватниот сектор.