text size
Рекорден пораст на количествата и вредноста на увозот на злато (вклучувајќи платинирано необработено, во форма на полупроизводи и во форма на прав) има во Македонија во минатата година, што е потврда дека и во нашата земја се чувствува златната треска што веќе подолг период го тресе светот. Имено, цената на златото во почетокот на 2024 година се движеше околу 2.000 долари за унца, а оттогаш наваму континуирано растеше и достигна врв од 5.595 долари на крајот на јануари годинава, за потоа да се намали и да се стабилизира над границата од 5.000 долари за унца.