Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 67.624.624 евра.
„Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и е зголемена за над 71 милион денари, а декември сѐ уште не е завршен. До 23.12.2025 година остварен е промет во висина од 4.158.914.362,00 денари“, изјави за државната агенција МИА Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Од ЈПДП велат дека по повикот за воспоставување поширока мрежа на достапност за купување и надополнување на уредот М-ТАГ, склучен е договор за продажба, дистрибуција и наплата на патарина со уреди за електронска наплата на патарина (таг) со правните лица А1 Македонија и Македонски телеком.
Прочитај повеќе
Владата воведува новини во плаќањето патарини во Македонија
Целта на новата владина одлука е да се зголеми електронската наплата на патарините.
13.05.2025
Многу пари, малку готови патишта
До почетокот на туристичката сезона ќе биде готов дел од автопатот Кичево-Охрид.
28.04.2025
Од шупливо во празно за враќање на кредитот за неизградениот автопат Кичево-Охрид
Во неколку наврати наместо ЈПДП, ратите кон кинеската банка ги плаќа Министерството за финансии.
28.02.2025
„Во моментот се извршува интеграција на апликативните софтвери помеѓу ЈПДП и правните лица за пуштање во употреба на бараните услуги со М-ТАГ“, информираат од ЈПДП.
Собранието во јуни изгласа измени на Законот за јавни патишта со кои се создаде правна основа за објава на повик за избор на оператор за поставување малопродажна мрежа низ државата за надополнувањето на електронските уреди – М-карта и М-таг. Тоа сега се прави само во просториите на ЈПДП. Искуствата во другите држави со ваквиот начин на продажба покажуваат дека електронските уреди за наплата на патарина станале подостапни до корисниците и оти нивниот број се зголемил.