text size
За три и пол месеци се реализирани нешто над 10 отсто од парите предвидени за капитални инвестиции во текот на 2025 година. Според министерката за финансии, слабата реализација на инвестициите се должи на студеното време од почетокот на годината. Сепак, бројките покажуваат дека ниту затоплувањето не ја забрза динамиката. Извештаите за извршување на буџетот покажуваат дека во студениот февруари најмногу било сработено.