text size
Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ се закани дека ќе го блокира патот што води до граничниот премин Меџитлија со Грција. Причина за револтот е што тој долго време се реконструира и е необележан, нема сигнализација, што значи дека е опасен. На тој патен правец често има и несреќи, а неодамна работник на фабриката го загуби животот.