text size
Бавно се реализираат ветувањата за изградба на нова и подобрување на старата патна инфраструктура во Македонија, што негативно влијае врз конкурентноста на македонските компании, врз регионалниот развој, врз безбедноста во сообраќајот и ги зголемува трошоците за патување на граѓаните. Најдобра потврда за тоа се статистичките податоци за патната инфраструктура, кои откриваат дека заклучно со минатата година третина од патиштата во земјава биле од земја и од макадам (ситен дробен камен полеан со вода и набиен со валјак).