text size
Народна банка петти пат по ред ја зголемува рефернтната каматна стапка. Советот на НБРМ одлучи и ова зголемување да изнесува 0,5 процентни поени и сега каматата на благајничките записи изнесува три отсто. На оваа седница беше одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, за по 0,5 п.п., на нивоата од 0,90% и 0,95%, соодветно.