Македонија

Јаневски: Недостасува резултат од иницијативите за дигитализација

Автор: Наташа Стојановска

15 септември 2022, 14:21

Наташа Стојановска

Постојат иницијативи за да се олесни процесот на дигитализација во земјава, но недостасуваат резултати, вели Димитар Јаневски, бизнис директор и продукт менаџер на Digital Office.

„Резултат и акција е тоа што недостасува. Има дебати, се случуваат активности, но сепак потребен е повидлив резултат“, нагласи тој во разговор за Блумберг Адриа ТВ.

Јаневски истакна и дека постојат многу компании кои немаат агенда во однос на дигитализацијата.

„Лично, сакам да видам повеќе компании кои во својата агенда навистина имаат ставено приоритет на дигитализацијата и да се посветат и да соработуваат со добри партнери за дигитализација“, посочи тој.

Како клучни фактори на патот кон успешна дигитализација, бизнис директорот на Digital Office ги наведува желбата, приоритетите и менаџментот.

За регулативата во земјава вели дека е поставена на добра основа и особено го истакна Законот за електронски документи.

„Сепак, има многу подзаконски акти кои треба да се досредат бидејќи се оставени да се толкуваат слободно“, кажа Јаневски додавајќи дека како што расте критичната маса на бизнисите кои се дигитални, така расте и притисокот врз институциите за брзи промени.

Целиот разговор со Димитар Јаневски, можете да го проследите во видеото во рамки на оваа објава.

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

07.04.2025

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите