text size
Клучниот показател за потрошувачките цени во Соединетите Американски Држави (САД) порасна во септември на највисоко ниво во последните 40 години. Тоа уште повеќе го нагласува притисокот што континуираниот раст на инфлацијата го предизвикува кај домаќинствата и ги принудува американските Федерални резерви (ФЕД) да пристапат кон уште едно големо покачување на каматните стапки.