text size
Американскиот претседател Џо Бајден изрази уверување дека тимовите ќе постигнат договор за подигнување на горната граница на долгот, за да се избегне катастрофално неисполнување на обврските за исплати од страна на сојузната влада, дури и кога претседателот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, ја критикуваше неговата одлука да отпатува во Јапонија на меѓународен самит, во услови на домашни превирања.