text size
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска беше домаќинка на шефот на американските Федерални резерви, Џером Пауел, и на гувернерите на централните банки од В. Британија, Јапонија и Ј. Кореја на панел-дискусијата -на централните банкари во рамките на форумот во Синтра, Португалија. Тие дискутираа за монетарните политики во услови на изразена глобална геополитичка и економска несигурност. Годинашната дискусија се проследува со особено внимание, со оглед на тоа што многу држави се борат да ја стават инфлацијата под контрола и да продуцираат економски раст во вакво турбулентно опкружување.