Челниците на централните банки оваа недела ќе се состанат за да ја потврдат својата посветеност на стабилноста на цените, и покрај големите нарушувања во глобалното снабдување со нафта. Одлуката на Австралиската централна банка да ги зголеми каматните стапки покажува дека монетарните власти се соочуваат со поголем проблем од самиот Иран - растот на инфлацијата што веројатно ќе произлезе од конфликтот на Блискиот Исток. Сепак, нема сите да го следат тој пример.
Креаторите на одлуките во Сиднеј се во состојба на економска готовност. Тоа го потврдува одлуката на ценгтралната банка да ја зголеми каматата за четвртина процентен поен. Иако повеќето економисти го очекуваа тој потег, одлуката беше донесена со тесно мнозинство - пет гласа спрема четири.
Би било примамливо, имајќи ги предвид превирањата по американскиот и израелскиот напад врз Иран, како и одмаздата на Техеран, да се одложи оваа тешка одлука. Но тоа би било погрешен потег. Инфлацијата е многу поголем проблем за Австралиската централна банка отколку за Федералните резерви и Европската централна банка (ЕЦБ), меѓу институциите од Г10 кои се состануваат наредните денови. Тие можат да си дозволат уште малку чекање. Со повторното забрзување на домашната економија, Австралиската банка заклучи дека го нема тој луксуз.
Прочитај повеќе
ЕЦБ двапати ќе ја зголеми депозитната камата оваа година
Трговците пресметуваат две зголемувања на каматните стапки од Европската централна банка оваа година, откако нападот врз иранските енергетски капацитети повторно ги разбуди стравувањата од скок на инфлацијата.
пред 2 часа
Фед веројатно ќе ги задржи каматните стапки додека ја проценува штетата од нафтениот шок
Инвеститорите ги очекуваат пораките од Џером Пауел додека Федералните резерви се справуваат со постојаната инфлација и ризикот од економско забавување, во време кога конфликтот на Блискиот Исток ги зголемува цените на нафтата и ја продлабочува неизвесноста.
пред 8 часа
Еуриборот силно осцилира, стравот од инфлација расте - ЕЦБ е на потег
Шестмесечниот еурибор, најчесто користен од банките, во вторникот порасна за над 0,1 процентен поен или повеќе од пет проценти, што е најголем дневен скок по три години. Од понеделникот до средата растот изнесуваше дури 7,3 проценти.
13.03.2026
Германскиот 10-годишен принос на највисоко ниво од 2023 година поради страв од инфлацијата
Стравот од нов енергетски шок поради војната во Иран ги турна германските приноси на највисоко ниво од 2023 година и ги зголеми очекувањата за нови потези од ЕЦБ.
12.03.2026
Откако се соочија со ризиците што повторниот раст на цените ги претставува за долгорочната економска стабилност, глобалните централни банки можеби ќе мора да донесат тешки одлуки во наредните месеци. Позицијата на Австралија можеби беше критична, но нејзините пандани би можеле да се соочат со исти тешки компромиси: жестока борба против инфлацијата со опасност растот да биде задушен, или обид за поблаг пристап кон инфлацијата со потенцијално загрозување на кредибилитетот.
Многу банки имаат одреден маневарски простор, но тој не е бесконечен.
Како и другите монетарни власти, Австралиската централна банка (RBA) беше изненадена од начинот на кој инфлацијата се забрза по повторното отворање на економијата по пандемијата. Се поставува прашањето дали сегашното забрзување може да биде привремено.
Повеќето официјални лица не беа подготвени да го преземат тој ризик. Многу централни банкари би сакале да ги занемарат краткорочните осцилации на нестабилни категории како храна или енергија, под претпоставка дека навистина се минливи. Сепак, некои очигледно се загрижени и би можеле да го поздрават она што се случи во Австралија.
„Компаниите сè уште се сеќаваат на инфлаторните години и веројатно побрзо ќе ги пренесат повисоките трошоци на потрошувачите отколку во 2022 година,“ изјави Петер Кажимир, член на Управниот совет на ЕЦБ минатата недела. „А луѓето побрзо ќе бараат повисоки плати отколку порано,“ додаде тој.
Иако централните банки се соочуваат и со проблеми на страната на побарувачката поради немирите на Блискиот Исток, тоа за RBA е секундарна грижа. Всушност, гувернерката Мишел Булок би можела дури и да го поздрави тоа. Стапката на невработеност е ниска и изнесува 4,1 отсто, а огласите за работа укажуваат на силна побарувачка за работна сила. Бруто домашниот производ порасна со годишна стапка од 2,6 отсто во четвртиот квартал -најмногу во последниве три години и значително над проценката на банката за одржлив раст. Прифаќањето на забавување можеби не остава добар впечаток во јавноста, но токму тоа го сакаат официјалните лица.
Новиот циклус на монетарно затегнување мора да биде краток и, ако е потребно, решителен.
„Не сакаме рецесија, но ако биде тешко да ја зауздаме инфлацијата, ќе мора да се соочиме со тоа,“ изјави Булок по донесената одлука. Нејзините колеги во други земји несомнено го делат тој став, иако не чувствуваат ист притисок веднаш да го следат. Австралија цели кон средината на инфлацискиот опсег од два до три проценти, додека инфлацијата во последниот квартал порасна на 3,4 проценти.
Во оваа клучна недела за централните банки, вклучително и јапонската, се очекува официјалните лица да ја нагласат потребата од претпазливост, внимавајќи притоа да не го ограничат сопствениот маневарски простор.
Другите банки се наоѓаат во различни фази во однос на RBA. ЕЦБ веројатно веќе го заврши циклусот на намалување на каматите; прашање е дали и колку ќе го забрза новото затегнување. Во Федералните резерви се води расправа за тоа колку долго ќе се одложува следното намалување на каматите.
Кевин Варш, кандидатот на Доналд Трамп за претседател на Фед, ќе биде под притисок да ги спроведе намалувањата што ги посакува Белата куќа, откако на Џером Пауел во мај му истекува мандатот; но ќе мора да обезбеди поддршка од остатокот на одборот, при што некои веќе изразија загриженост за инфлацијата.
Би било штета во оваа важна недела за централното банкарство RBA да остане само фуснота. Банката зазеде храбар став. Во поткаст снимен пред одлуката, заменик гувернерот Ендру Хаузер се пошегува дека членовите на одборот оваа недела навистина ќе си ги заработат своите „скромни“ плати.