text size
Во периодот од јануари до септември годинава 72 компании на Македонската берза работеле со добивка, а вкупниот профит е 14,1 милијарди денари (229 милиони евра), покажуваат најновите квартални податоци. Од анализираните 94 компании, 18 друштва имале загуба од 1,5 милијарди денари (24,8 милиони евра). Ова алудира дека во овој период, вкупниот финсиски резултат (добивките минус загубите) на компаниите од берзата изнесува 12,6 милијарди денари (204,3 милиони евра), што е намалување од 9,83 проценти во однос на истиот период од минатата година кога билансот изнесувал 226 милиони евра.