Акциите утрово паднаа, а приносите од државните обврзници се зголемија поради загриженоста дека проблемите во американскиот банкарски сектор би можеле да навестат поширока опасност, бидејќи повисоките каматни стапки почнуваат да „касаат“.
Берзите го започнуваат последниот ден од тргувањето неделава со дебели минуси. Индексот S&P 500 и технолошкиот Nasdaq 100 паднаа за 1,8 отсто, а на азискиот пазар, на кој денешното тргување одамна е во тек, поголемите индекси се во минус, во опсег од еден до 2,5 проценти. Мерачот на азиските акции падна дури за два отсто, најмногу за повеќе од еден месец, следејќи го вчерашниот остар пад на Волстрит.
JPYUSD:CUR
JPY
0,007319 USD
почетна цена
0,007345
претходна цена на затворање
0,007345
промена од почетокот на годината
-4,0645%
дневен опсег
0,00 - 0,00
опсег на 52 недели
0,01 - 0,01
Јенот го зазеде центарот на вниманието на валутниот пазар, слабеејќи дури за 0,6 проценти во однос на доларот, откако Банката на Јапонија ги задржа монетарните поставки непроменети на последниот состанок за политика на гувернерот Харухико Курода. Курсот евро/долар е доста стабилен и денеска овие валути се тргуваат во сооднос 1,0588 долар за едно евро.
EURUSD:CUR
EUR-USD X-RATE
1,0595 USD
+0,0014 +0,13%
почетна цена
1,0581
претходна цена на затворање
1,0581
промена од почетокот на годината
-1,0929%
дневен опсег
1,06 - 1,06
опсег на 52 недели
0,95 - 1,12
Финансиските акции беа меѓу најтешко погодените откако банките станаа цел на критики на седницата во САД поради колапсот на „Силвергејт“ (Silvergate Capital Corp) и проблемите кај заемодавецот СВБ (SVB Financial Group) со седиште во Силициумската Долина.
„СВБ нема директно да има влијание врз Азија, но е исклучително важно затоа што покажува дека болката почнува да се приближува од помалите ризични делови на пазарот, како што е крипто, до етаблираните традиционални финансии. Тоа покажува дека затегнувањето почнува да се движи низ економијата“, рече Илја Спивак, раководител за глобална макроекономија во финансиската мрежа „Тејстилајв“ (Tastylive).
XBTEUR:CUR
XBT-EUR Cross Rate
18.752,61 EUR
-372,89 -1,95%
почетна цена
19.120,79
претходна цена на затворање
19.125,5
промена од почетокот на годината
22,0133%
дневен опсег
18.701,03 - 19.342,05
опсег на 52 недели
15.149,84 - 43.882,68
На криптопазарот најголемите токени ја продолжија низата на загуби. Биткоинот падна под психолошката граница од 20.000, поточно загуби 1,3 отсто од вредноста и сега чини 19.967,16 долари, додека етерот падна за 0,9 отсто и се тргува по цена од 1.418,99 долари.