Инвестициите во злато се зголемија во текот на изминатата година, поттикнати од купувањата на централните банки, при што вкупните инвестиции од небанкарските инвеститори се највисоки од крајот на 2012 година, велат аналитичарите на „ЏП Морган Чејс“ (JPMorgan Chase & Co.), меѓу кои и Николаос Панигирцоглу.
-
Инвестициите во злато растат од пандемијата и се на прилично високо во историски рамки.
-
„Би требало да се претпостави структурно зголемување на побарувачката од централните банки над историските норми (поради страв од санкции или општа диверзификација надвор од државните обврзници на Г7) за да се биде агресивен кон златото“.
-
Но, тоа е доведено во прашање во моментот бидејќи има докази за нормализирање на купувањето злато од централните банки во вториот квартал од 2023 година и останува да се види дали ова е привремено или не.
-
Нема сомнеж дека темпото на купување од страна на централните банки сега е најважниот фактор за мерење на идната траекторија на цените на златото.
-
Оваа улога е преземена од тековите на ЕТФ, кои беа најважни пред пандемијатa.