Берзи

Човекот кој jа предвиде кризата во 2008: Ќе има глупости на пазарите

Извор: Claire Ballentine/Bloomberg

05. Август 2022, 09:53

Според Michael Burry „познатата глупост од ерата на ковидот уште не е мртва“

Човекот кој jа предвиде кризата во 2008: Ќе има глупости на пазарите

Bloomberg

Човекот кој ја предвиде финансиската криза предупредува дека ќе има „глупости“ на пазарите.

Michael Burry, основач на компанијата Scion Asset Management, кој е најпознат по обложувањето против пазарот на недвижности пред колапсот во 2008 година, вели дека „познатата глупост од ерата на ковидот уште не е мртва“.

Не е сосема јасно на што мисли Barry, кој е познат по своите таинствени твитови. Тој го споредува овој период на пазарот со 2001 година, пред терористичките напади на 11 септември и скандалот Enron and WorldCom, кога dot-kom балонот пукна. Како што често прави, Burry го избриша твитот по неколку часа од објавувањето.

Не одговара на барањата за коментар.

Burry со месеци предвидува пад на цените на акциите. Некое време тоа изгледаше како точно предвидување, затоа што S&P 500 имаше најлошо полугодие од 1970 година. Но, индексот на американските компании од тогаш порасна за 13 отсто од дното кое го достигна на средината на јуни.

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари