text size
„Зилоу“ (Zillow), најголемата американска онлајн платформа за станбени недвижности, неодамна ја отстрани од сајтот алатката што им овозможуваше на потенцијалните купувачи да ја проверат изложеноста на секоја куќа кон ризикот од климатските промени. Како што пишуваше „Блумберг“, од компанијата објасниле дека тоа го сториле поради поплаките од секторот за недвижности, но и од сопствениците на излистаните куќи дека алатката всушност им штети на продажбите.