Трговците на Волстрит ги задржаа акциите близу нивните историски највисоки вредности, при што чувствителните индустриите имаа добивки врз основа на очекувања дека солидните резултати ќе продолжат да го поттикнуваат пазарот. Инвеститорите што купуваат при пад го предводеа закрепнувањето на златото и среброто по историскиот удар на распродажба. Доларот го запре растот.
Околу 350 акции во индексот S&P 500 пораснаа, но индексот остана речиси непроменет. Повторно, индексот Russell 2000 на помали компании го надмина американскиот берзански показател, со раст од околу 1 отсто. Силните изгледи на „Палантир“ (Palantir Technologies Inc.) ги подигна акциите за 6,5 отсто. Резултатите што претстојат од „Адвенсд мајкро дивајсес“ (Advanced Micro Devices Inc.) ќе дадат нови податоци за нејзината борба да се натпреварува со „Енвидија“ (Nvidia Corp.) во областа на вештачката интелигенција.
Апетитот за ризик кај трговците се стабилизира по стрмниот пад на металите што предизвика повлекување од акциите и криптовалутите на крајот од минатата недела. Силните американски економски податоци ја зголемуваат оптимистичката атмосфера, покажувајќи економија која останува стабилна додека пристигнува сезоната на извештаи за заработка.
Прочитај повеќе
Биткоинот се лизга надолу, каде е дното?
Што се случува на пазарот и дали сега е вистинското време да се купи биткоин?
пред 11 час
Распродажба на берзите – паѓаат акциите, златото, среброто, нафтата, бакарот
Азиските акции го претрпеа најголемиот дводневен пад од почетокот на април, предводени од технолошките компании. Европските акции се очекува да отворат пониско, со фјучерси и индикации што укажуваат на загуби.
02.02.2026
Вештачката интелигенција го тресе пазарот за бакар - металот руши рекорди
Инвестициите во вештачка интелигенција и зелена енергија ја зголемуваат побарувачката...
01.02.2026
Погледнете околу себе: меури има насекаде!
Аналитичари ја споредуваат денешната ВИ-треска со предупредувањата пред големата депресија, кога оптимизмот ги игнорирал сигналите за преголем ризик.
30.01.2026
„Инвеститорите наоѓаат утеха во закрепнувањето на цените на металите и импресивните резултати на „Палантир“, што помогна да се смири загриженоста поврзана со вештачката интелигенција,“ рече Фиона Синкота од „Сити индекс“ (City Index).
Доларот падна откако забележа најголем последователен раст од април. Приносите на државните обврзници едвај се поместија, додека инвеститорите ги анализираа најновите изјави од претставници на Фед.
Претседателот на Фед во Ричмонд, Том Баркин, рече дека олеснувањето на политиката го зајакнало пазарот на труд, додека официјалните лица сега се обидуваат да ја доведат инфлацијата до целта. Членот на управниот одбор на Фед, Стивен Миран, рече дека отсуството на силни ценовни притисоци значи дека стапките треба повторно да се намалат оваа година.
Индексот S&P 500 флуктуираше. Приносот на 10-годишните државни обврзници остана речиси непроменет на 4,29 отсто. Доларот падна за 0,2 отсто. Приносите на германските 30-годишни обврзници достигнаа највисоко ниво од 2011 година поради поголемо издавање. Златото скокна за 5,5 отсто.
Корпоративни вести:
„Палантир“ прогнозира приходи за фискалната 2026 година што значително ги надминуваат очекувањата на Волстрит - поттик за компанијата за анализа на податоци, чијашто акција досега имаше слаб старт оваа година.
Илон Маск ги спојува „Спејс икс“ и „Екс еј-ај“ (xAI) во договор што ја вреднува новата компанија на 1,25 билиони долари, во обид да ги финансира неговите сè поскапи амбиции во вештачка интелигенција и истражување на вселената.
„Волт Дизни“ соопшти дека Џош Д’Амаро ќе го наследи Боб Ајгер како главен извршен директор, завршувајќи ја тригодишната потрага по замена за долгогодишниот лидер.
„Пеј пал“ (PayPal Holdings Inc.) објави дека извршниот директор на „Ејч-пи“ (HP Inc.), Енрике Лорес, ќе го преземе местото од Алекс Крис, чиј план за реструктурирање не ги исполни целите.
„Пепси“ (PepsiCo Inc.) ги намалува цените до 15 отсто за клучни брендови, вклучувајќиги и „Лејс“ (Lay’s) и „Доритос“ (Doritos), во обид да ги зголеми продажбите со попристапни производи.
„Фајзер“ (Pfizer Inc.) објави податоци за нов третман против дебелина, но со малку детали, оставајќи ги инвеститорите во дилема дали инвестицијата од 10 милијарди долари ќе се исплати.
ФДА одби самостојна верзија на лекот за лупус на „Астра Зенека“ (AstraZeneca Plc,) но компанијата вели дека продолжува да работи со регулаторите.
„Убер“ (Uber Technologies Inc.) ја проширува услугата за превоз во Макао, прво навлегување во нов азиски пазар по неколку години.
Кракен, крипто берза што планира да излезе на берза, забележа пад на приходите и добивката во четвртиот квартал, паралелно со падот на цените на дигиталните средства.
„Сименс“ (Siemens Energy AG) ќе инвестира 1 милијарда долари (847 милиони евра) во производствени капацитети во САД во следните две години, поради растечката побарувачка за енергија.
„Нинтендо“ (Nintendo Co.) забележа раст на профитот од 23 отсто, помал од очекуваниот, откако САД воведоа тарифи на конзолата Switch 2, што силно ги погоди маржите, додека растечките цени на мемориските чипови во 2026 предизвикуваат дополнителни грижи.
Главни движења на пазарите:
АкцииS&P 500 речиси непроменет (во 9:49 часот по њујоршко време)
Nasdaq 100 падна за 0,2 отсто
Dow Jones Industrial Average порасна за 0,4 отсто
Stoxx Europe 600 речиси непроменет
MSCI World Index порасна за 0,3 отсто
Bloomberg Magnificent 7 Total Return Index речиси непроменет
Russell 2000 Index порасна за 0,9 отсто
Philadelphia Semiconductor Index падна за 0,1 отсто
Акциите на „Палантир“ пораснаа за 6,6 отсто
Валути
Bloomberg Dollar Spot Index падна за 0,2 отсто
Еврото речиси непроменето на 1,1799 за долар
Британската фунта порасна за 0,1 отсто на 1,3683 за долар
Јапонскиот јен падна за 0,1 отсто на 155,82 за долар
Криптовалути
Биткоин падна за 0,7 отсто на 77,898.73 долари
Етер падна за 2,3 отсти на 2,285.85 долари
Обврзници
Приносот на 10-годишните американски обврзници речиси непроменет на 4,29 отсто
Германски 10-годишни обврзници пораснаа за 3 базични поени на 2,89 отсто
Британски 10-годишни обврзници речиси непроменети на 4,51 отсто
Приносот на 2-годишните американски обврзници речиси непроменет на 3,58 отсто
Приносот на 30-годишните американски обврзници речиси непроменет на 4,91 отсто
Суровини
ВТИ сурова нафта порасна за 1,3 отсто на 62,96 долари за барел
Златото порасна за 5,6 отсто на 4,922.41 долари за унца