text size
Биткоинот денеска го надмина прагот од 21.000 долари поради оптимизмот дека можеби го достигна дното, а инфлацијата го достигна врвот. Најголемата криптовалута порасна дури за 7,5 отсто, искачувајќи се на 21.299 долари, пред да ги намали придобивките како што одминува денот. Над 20.000 долари биткоинот не беше од 8 ноември, а денеска е 11-ти ден по ред како е над тоа ниво.