text size
И по години постоење на криптосветот, уште нема јасни правила на игра, иако многу земји се сериозно насочени да обезбедат законска рамка и да го регулираат тргувањето со криптовалути. САД и Европската Унија (ЕУ) веќе воспоставуваат некаква регулација на пазарот, иако се смета дека тоа не е доволно и се очекува додефинирање на принципите на функционирање. Неопходноста за регулирање потекнува оттаму што криптовалутата претставува ризична инвестиција, која според постојниот финансиски модел нема фундаментална вредност, туку нејзината вредност зависи исклучиво од шпекулации.