„Уникредит“ (UniCredit SpA) ќе им понуди на своите професионални клиенти структуриран производ поврзан со ЕТФ на „Блекрок“ (BlackRock Inc.), ИБИТ (IBIT - iShares Bitcoin Trust ETF), кој нуди целосна заштита од загуби бидејќи европските банки бараат нови начини да го искористат апетитот за дигитални средства.
Банката планира да издаде петгодишен инвестициски сертификат деноминиран во долари, поврзан со ЕТФ ИБИТ, кој ќе понуди 100 отсто заштита на капиталот при достасување, според интерен меморандум што на увид го доби „Блумберг њуз“, а банката го потврди.
Според меморандумот, максималниот принос е ограничен на 85 проценти од перформансите на ЕТФ, а минималниот праг на инвестирање е 25.000 долари. Биткоинот годинава порасна за околу 14 отсто, што е во остра спротивност со многу помали криптотокени, кои претрпеа стрмен пад.
Прочитај повеќе

Европските банки со најдобри полугодишни резултати во овој век
Следуваат пет графикони што ја илустрираат историската прва половина од годината за европските банки.
01.07.2025

Колку е калоричен колачот од провизиите штом Славески сака да ги стави банките на диета?
Направивме преглед на тоа кои се износите што банките треба да ги намалат или укинат по препораката на гувернерот Славески.
30.06.2025

Македонски банки влегуваат во европскиот платежен систем
СЕПА овозможува побрзи, поевтини и сигурни прекугранични плаќања...
24.06.2025

Биткоинот расте, алткоините со остар пад
Уделот на биткоинот во вкупната пазарна вредност на крипто средствата оваа година се искачи за девет процентни поени, на 64 отсто, што е највисоко од јануари 2021 година.
30.06.2025
ИБИТ беше меѓу првата група на многу успешни ЕТФ-ови одобрени во САД во јануари 2024 година, а оттогаш порасна до 75 милијарди долари. „Блекрок“, најголемиот светски менаџер на пари, лансира посебен производ за тргување со биткоин на берза во Европа во текот на годинава.
„Забележуваме зголемен интерес од професионални инвеститори за инструменти поврзани со нови класи на средства како што се криптовалутите“, наведе Чико ди Стаси, раководител на одделот за решенија за инвестициски производи во групацијата и продажба и тргување со акции и кредити во „Уникредит“, во изјава испратена по е-пошта. „Со овој производ, им нудиме на нашите професионални клиенти посебно решение - прво од ваков вид во Италија“.
Сертификатот „Уникредит“ ќе им биде достапен на професионалните клиенти на банката во Италија од 1 јули до 28 јули, според меморандумот.
Конкурентската банка „Интеса Санпаоло“ (Intesa Sanpaolo SpA), најголемата банкарска група во Италија, го направи своето прво спот купување на биткоин во јануари и управува со оддел за тргување со дигитални средства. Шпанската банка „Сантандер“ (Banco Santander SA) размислува за проширување на дигиталните средства, вклучувајќи планови во рана фаза за понуда на стабилна монета и пристап до криптовалути за клиенти на својата дигитална банка.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...