text size
Додека дипломатите во задушливите сали се обидуваат да преговараат за примирје, а претседателот на најмоќната земја во светот ја убива секоја надеж за успех во неколку свои изјави, реалниот сектор се соочува со законите на физиката кои не признаваат компромис. Трите шлаканици од Ормуз веќе одекнаа. Нивната цена нема да се мери само во долари, туку во празни полици и застојани фабрики кои никаква политика не може да ги рестартира преку ноќ.