text size
Ние во моментов правиме сé за да обезбедиме непречено снабдување со електрична енергија и за да ги обезбедиме сите суровини за производство на електрична енергија. Тоа го прават и сите држави од соседството што значи дека едно такво масовно купување суровини за производство на електрична енергија сигурно ќе влијае на раст на цените, рече премиерот Димитар Ковачевски, додавајќи дека веројатно не‘ чека најтешката зима по Втората светска војна.