text size
Испораките на иранска нафта кон Азија речиси целосно пресушија, зголемувајќи ја цената на тие товари на највисоко ниво во последните неколку години, уште пред американската администрација да објави нови мерки за изолација на Техеран и неговите трговски партнери.
Приватните рафинерии во Кина долго време купуваа најголем дел од иранската нафта. Но, поради недостигот на понуда во регионот во последните неколку недели, понудените цени од дисконт во однос на глобалните цени преминаа во премија од околу четири долари за барел, велат трговци вклучени во преговорите. Тие побараа да не бидат именувани бидејќи разговорите не се јавни.
Голем дел од овој недостиг е последица на успешната американска блокада, поради која натоварените ирански бродови останаа заглавени во Персискиот Залив, а флота празни бродови надвор од него. Како резултат на тоа, во водите источно од полуостровот Малезија, популарна област за складирање и претовар за кинеските и другите азиски купувачи, сега има само 40 милиони барели нафта, а се проценува дека само четири милиони од нив останале непродадени, покажуваат податоците на компанијата за анализа на податоци „Кплер“ (Kpler). Тоа е количество еднакво на товарот на два супертанкери.
Прочитај повеќе
Иранскиот претседател повика на запирање на војната сега, додека земјата се уште има „моќ и достоинство“
Пезешкијан е највисоко рангиран избран лидер на Иран, но неговите одговорности се главно ограничени на домашната економска политика.
21.08.2026
Трамп може да се соочи со удар од Кина при обидот економски да го притисне Иран
Колку далеку е подготвен да оди Вашингтон - и каква ќе биде реакцијата на Пекинг?
21.08.2026
Цената на нафтата достигна највисоко ниво во речиси три недели
Новите тензии меѓу Иран и ОАЕ го зголемуваат стравот од дополнителни нарушувања на енергетските пазари.
19.08.2026
Оптимизмот за Европа се врати на нивото пред војната со Иран
Оптимизмот за европските акции се враќа, поттикнат од економските изгледи и силните корпоративни резултати.
19.08.2026
Акциите на нафтените компании повторно рушат рекорди
Тврдите позиции на САД и Иран што го блокираат Ормускиот Теснец ја креваат цената на нафтата.
18.08.2026
Испораките на иранска нафта во Кина нагло се намалуваат
Построгата американска поморска блокада ја ограничува понудата
Секретарот за финансии Скот Бесент подоцна во понеделник треба да претстави план за „најголемата координирана економска изолација во историјата на светот“. Кинеските рафинерии и банките што ги финансираат се најочигледните цели, но потенцијалната финансиска и дипломатска цена на потегот наречен „економски Ден Д“ станува уште поизразена во време кога цените се високи, а понудата е блиску до најниското можно ниво.
Досега, напорите на САД за изолација на Иран беа насочени кон помалку значајни учесници во нафтениот сектор, со санкции против помали приватни рафинерии, пристаништа и посредници, притоа воздржувајќи се од построго спроведување на мерките поради загриженоста од несаканото влијание врз односите со Пекинг и од растот на цената на нафтата.
Сепак, претходно годинава Вашингтон воведе санкции против рафинеријата „Хенгли петрокемикал (Далиан)“ (Hengli Petrochemical (Dalian) Refinery Co. Ltd.), една од најголемите приватни рафинерии во Кина, со што отвори неочекуван нов правец и предизвика невообичаено остра реакција, откако Кина им нареди на домашните компании да не ги почитуваат мерките.
САД досега се воздржуваа од таргетирање на големите кинески банки.
При сегашните нивоа, цената на иранската нафта е блиску до највисоката од крајот на претходната администрација на Трамп, изјави Ема Ли, водечка аналитичарка за кинескиот пазар во аналитичката компанија „Вортекса“ (Vortexa).
„Ова може да ги поттикне малите независни рафинерии повторно да се префрлат на конвенционални видови нафта, како што направија во јули, или едноставно да го намалат преработувачкиот капацитет“, рече таа.
Високите цени на нафтата и долгорочните промени, како што е континуираното прифаќање на електричните возила, ја намалија кинеската побарувачка, дополнително влошувајќи ги изгледите за малите рафинерии.
Иран издржа децении строги санкции и не е јасно дали заканата од економска војна може да го промени текот на повеќемесечната воена кампања, која сè уште не го натера Иран да се предаде. Бесент, сепак, вети дека ќе ја прекине „секоја економска линија за спас“.
„Оние што му овозможуваат на Иран да опстојува ја купуваат и транспортираат неговата нафта. Тие го олеснуваат протокот на неговите финансиски средства преку менувачници и слободни трговски зони“, напиша Бесент во колумна објавена во „Фајненшл тајмс“ во понеделникот. „Накратко, овие земји проценуваат дека попуштањето пред режимот е побезбедниот избор. Но, би било добро да ги земат предвид последиците од неговото одржување.“