Цената на нафтата расте веќе трет ден по ред откако САД извести за рекорден извоз на сурова нафта и горива, а послабиот долар ги прави суровините попривлечни.
„West Texas Intermediate“ (WTI) вчера се качи над 88 долари за барел откако доби скоро 4 проценти на вредноста во текот на претходните две сесии на тргување. Вкупниот американски извоз на нафта во текот на минатата недела достигна 11,4 милиони барели дневно, покажуваат владините извештаи.
Утрово „WTI“ со испорака во декември порасна за 0,3 проценти и барел се тргува по цена од 88,18 долари, додека „Brent“ нафтата порасна за 0,3 отсто и нејзината цена за барел сега е 95,97 долари.
Слабеењето на доларот, исто така, помогна да порасне цената на суровата нафта. Показателот на Блумберг за вредноста на доларот, кој минатиот месец достигна рекорд, покажува дека сега се тргува близу до најниското ниво во последните три недели, правејќи ги суровините со цена во американска валута поевтини за странските купувачи.
USDEUR:CUR
USD
0,9924 EUR
почетна цена
0,992
претходна цена на затворање
0,992
промена од почетокот на годината
12,8966%
дневен опсег
0,00 - 0,00
опсег на 52 недели
0,86 - 1,05
Откако забележа 4 последователни месеци со загуба поради загриженоста околу забавувањето на економиите во светот, а истовремено централните банки ги подигнуваат каматните стапки, нафтата оздраве во октомври откако Организацијата на земји извознички на нафта и нивни сојузници (ОПЕК+) најавија големо кратење на количините на производство, за дури 2 милиони барели дневно. Инвеститорите исто така проценуваат дека плановите на ЕУ и САД за дополнително да ја казнат Русија поради инвазијата врз Украина, веројатно вклучуваат и предлог за ограничување на цените.
„Слабоста на доларот пружи ветер во грб на пазарот на нафта, додека падот на американските залихи на бензин и рекордниот извоз на нафта само даваат дополнителен поттик“, рече Ворен Петерсон, раководител за стокови стратегии во „ING Groep NV“. „Што се однесува на очекувањата, движењето на цената на нафтата многу ќе зависи од тоа како макроекономските услови ќе се развиваат“, додава Петерсон.
Инвеститорите исто се подготвуваат и за извештаите на големите нафтени компании, вклучувајќи ги „Shell Plc“ и „TotalEnergies SE“, кои треба да бидат објавени подоцна во текот на денешниот ден. Иако постојат очекувања дека низата рекордни добивки на „Big Oil“ може да забави, американскиот претседател Џо Бајден рече дека профитите на петте најголеми американски нафтени компании „не се чесни“.