text size
Ниската цена на берзата и топлото време се причина власта да тактизира со набавката на гас за претстојната зима. Од утре во функција ќе биде ставена комбинираната централа ТЕТО, која ќе произведува и струја, но и топлинска енергија. Според извори на „Блумберг Адрија“, менаџментот на компанијата во петокот склучил поволен договор за набавка на гас преку својот постојан снабдувач само за ноември. Тоа значи дека за следниот месец се обезбедени 60 отсто од потребите на Скопје за топлинска енергија.