text size
Златото се искачи на највисоко ценовно ниво од јули поради тоа што вредноста на доларот падна, а трговците „живнаа“, бидејќи Кина укина дел од ограничувањата од политиката на нулта ковид. Кинеските власти ги забрзаа работите кон повторно отворање на втората најголема економија во светот, при што Шангај и Хенгжу ублажија некои од ограничувањата по протестите што се одржаа против строгата национална политика.