text size
Нафтата поевтини во пресрет на одлуката за монетарната политика на американските Федерални резерви (ФЕД) по порастот од шест проценти во претходните две сесии на тргување. Потрошувачките цени во САД, објавени вчера, забележаа најмал месечен раст во повеќе од една година, што укажува дека најлошата инфлација веројатно помина и тоа поттикнува надеж дека ФЕД ќе го забави темпото на раст на своите каматни стапки.