Цената на златото е стабилна пред објавувањето на податоците за инфлацијата во САД в вторник, а по најавите на централните банкари во САД и Европа дека на пат се натамошни зголемувања на каматните стапки.
Златото месецов главно флуктуира помеѓу 1.700 и 1.720 долари, по неколкумесечен пад, а петокот го заврши со првиот седмичен раст во последните четири недели. Доларот малку се промени тој ден.
Економистите предвидуваат дека августовската инфлација во САД ќе забави втор месец по ред на 8,1 отсто. Сепак, претставниците на американската централна банка (ФЕД) минатата недела како да навестија уште едно големо зголемување на каматните стапки од 75 базични поени во текот на месецов. Еден од гувернерите на ФЕД, Кристофер Валер, во петокот рече дека е за „уште едно значајно“ зголемување.
„Златото повторно се опорави, но би можело да се најде во ситуација да се бори со континуираното инсистирање на ФЕД за агресивно затегнување“, вели Равиндра Рао, шеф за истражување на суровини во Kotak Securities.
Благородниот метал добива на вредност покрај послабиот долар и неизвесноста што произлегува од загриженоста на Кина во однос на ширењето на коронавирусот и енергетската криза во Европа, што доведува до монетарно затегнување и загриженост за побарувачката на кинеските потрошувачи, објаснува тој.
GOLDS:COM
GOLD SPOT $/OZ
1.723,25 USD
+6,4200000000001 +0,37%
почетна цена
1.717,34
претходна цена на затворање
1.716,83
промена од почетокот на годината
-6,3771047452438%
дневен опсег
1.712,05 - 1.723,69
опсег на 52 недели
1.680,99 - 2.070,44
Европската централна банка (ЕЦБ) минатата недела ги зголеми стапките за 75 базични поени и е подготвена да го стори истото кога Комитетот ќе се состане во октомври, велат познавачите на ситуацијата.
Спот златото се тргуваше со мали измени и изнесуваше 1.714,88 долари за унца во 6:15 часот во Лондон од затворањето во петокот. Индексот Bloomberg Dollar Spot Iостана непроменет откако го забележа својот прв седмичен пад во последните четири недели. Среброто поскапе, додека платината и паладиумот паднаа.