Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД повторно ќе го нападнат Иран в четврток и се закани дека „во одреден момент“ ќе ја преземат контролата врз енергетската инфраструктура на земјата, вклучувајќи го и клучниот центар за извоз на нафта на островот Харг.
„Соединетите Американски Држави ќе го нападнат Иран (чија морнарица, воздухопловни сили, радари, противвоздушна одбрана и сите други форми на одбрана, заедно со поголемиот дел од нивниот офанзивен капацитет, се ИСЧЕЗНАТИ!), МНОГУ ЈАКО ВЕЧЕРВА“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
„Во одреден момент во не толку далечна иднина ќе ги освоиме островот Харг и другите точки на нафтена инфраструктура и ќе преземеме целосна контрола врз нивните пазари на нафта и гас, слично како што направивме со Венецуела“, напиша тој.
Прочитај повеќе
САД повторно го нападнаа Иран и најавија акции сè додека не биде потпишан договор
Американската војска изврши напади врз повеќе цели во Иран втор ден по ред, откако претседателот Доналд Трамп ја обвини земјата дека ги одолжува разговорите за мировен договор.
пред 7 часа
Иран претера со одложување и ќе мора да плати за тоа, порача Трамп
Трамп испрати остра порака до Иран по новата ескалација на тензиите и предупреди дека доцнењето со мировниот договор ќе има последици.
10.06.2026
Првпат во историјата: Пилотите на урнатиот „апачи“ спасени со поморски дрон
Површински поморски дрон помогна во спасувањето двајца членови на екипажот од американскиот армиски хеликоптер „апачи“ што се урна крај брегот на Оман.
10.06.2026
Дали САД ќе ги нападнат иранските острови и како ќе реагираат пазарите?
Дали Трамп ќе го искористи тридневното затворање на пазарот за да донесе важна геополитичка одлука?
03.04.2026
Зошто нападот на САД врз иранскиот остров Харг е загрижувачки за нафтените пазари?
Островот покрај иранскиот брег испорачува околу девет од секои 10 барели од извозот на сурова нафта од Иран, од кои поголемиот дел е наменет за Кина.
14.03.2026
Двомесечното примирје пропадна за време на викендот кога Иран собори американски воен хеликоптер, предизвикувајќи размена на одмазднички напади.
Коментарите на Трамп се закана за понатамошна ескалација, што ризикува да ги попречи бавните разговори за мировен договор. Заземањето на островот Харг веројатно би барало употреба на американски копнени сили, што би ги довело војниците во поголема опасност и би претставувало политички предизвик за претседателот, бидејќи војната станува сè понепопуларна тема во САД.