Општо

Пет вести за почеток на денот: Платите не се доволни да се задржи работник...

Автор: Мирјана Јовеска

24 март 2023, 08:55

Пет вести за почеток на денот: Платите не се доволни да се задржи работник...

Bloomberg Mercury

Мирјана Јовеска

Најбараниот криптобегалец До Квон уапсен во Црна Гора

Најбараниот криптобегалец во светот До Квон беше уапсен вчера во Подгорица, објави на Твитер министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Филип Аџиќ.

„Црногорската полиција приведе лице осомничено дека е еден од најбараните бегалци, јужнокорејскиот државјанин До Квон, коосновач и извршен директор на лабораториите „Тераформ“ со седиште во Сингапур“, напиша министерот. 

Министерот изјави и дека поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби што надминуваат 40 милијарди долари, бил приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи. До Квон го бараат Јужна Кореја, САД и Сингапур.

Лани еден, годинава носи уште тројца на работа во Хрватска, сезонците на јуриш

Македонците на јуриш за сезонска работа во странство. Моментално најатрактивни дестинации се Хрватска, Германија и Англија. Практиката покажува дека тие што биле на пример во Хрватска и се задоволни од работата, следната година со себе повлекуваат уште два-тројца пријатели или роднини. Најмногу се бараат работници во угостителството, градежништвото и земјоделството.

Ако според искуството на посредниците треба во една реченица да го опишеме интересот на Македонците за сезонска работа во странство, тогаш дефинитивно ќе речеме дека немаат критериум, туку бараат каква било работа, само да е надвор од земјава. 

Според посредниците за работа, Македонија годишно нуди од 15.000 до 20.000 сезонски работници, а во последниот период се зголемува и старосната граница на заинтересираните за привремена работа во странство. Ако порано најголем интерес имало од помладите, сега најмногу аплицираат лица на возраст од 35 до 50 години.

Има ли македонски банки изложени во „Кредит Суис“ и има ли паника овде?

Под еден процент од вложувањaта на домашните банки се пласмани во хартии од вредност што се издадени од странски издавачи. Со ова банкарскиот сектор, како што велат од Народната банка, е позаштитен од ризици слични на тие на кои бевме сведоци во минатиот период.

„Посочуваме дека последните случувања немаат никаков ефект врз портфолиото на Народната банка“, велат оттаму.

Од Народната банка не одговараат прецизно дали дел од девизните резерви бил пласиран во хартии од вредност од погодената банка, туку само тврдат дека кога ги инвестираат резервите, се водат по строги критериуми „коишто обезбедуваат сигурност и претпазливост, следствено заштита од ризиците што произлегуваат од актуелните, но и други турбулентни промени на глобалните финансиски пазари“.

На берзите...

Слабоста над глобалниот банкарски сектор го намали апетитот за преземање ризик на пазарите. Но сликата на пазарите на капитал е разновидна.

Индексот S&P 500 порасна за 0,3 проценти, а технолошкиот индекс Nasdaq 100 дури за 1,3 отсто. Европскиот индекс Euro Stoxx 50 загуби 0,7 проценти. Азиските берзански индекси утрово се во минус, со загуба во распон од 0,2 до 0,7 отсто.

Цената на нафтата се намали бидејќи порасна загриженоста за банкарската индустрија и САД сигнализираа дека повторното полнење на стратегиските резерви на сурова нафта на нацијата ќе потрае подолго од очекуваното. Така, ВТИ за испорака во мај загуби 0,3 отсто од вредноста и барел се тргува за 69,75 долари, а за исто толкав процент падна и цената на нафтата брент, која сега чини 75,68 долари за барел.

Вредноста на доларот во однос на еврото е непроменета утрово и овие две валути се разменуваат по курс од 1,0831 долар за евро.

На криптопазарот најголемите два токена се соочуваат со загуба од 0,4 отсто, со тоа што биткоинот сега е на ниво од 28.212,12 долари, а етерот има вредност од 1.811,11 долари.

Денеска читајте...

Платата е многу важна, но не е клучниот фактор поради кој работниците си одат од фирмите. Според експертите од областа на човечките ресурси, има редица други причини зошто еден работник одлучува да си замине. Нивниот совет е да се води сметка за сите тие елементи, затоа што во оној момент кога ќе дојде до отказ, нема враќање назад. Читајте ја нашата анализа за одливот на работници и условите за работа на овој линк.

Сите новости од рубриката Политика

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите